Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американците Даниел Џенсен и Брет Бејли се нови играчи на МЗТ Скопје.
Џенсен има 23 години и игра на позицијата крилен центар. Играчот веќе има искуство со играње во Европа со оглед на тоа што минатата сезона играше во редовите на белгискиот тим Лимбург Јунајтед. Во САД, Џенсен настапувал за Огустана колеџот во НЦАА лигата каде во просек имал 20,1 поен по натпревар надополнети со 6,3 скока.
Брет Бејли исто така е 23 годишен кошаркар и за него ова ќе претставува прво кошаркарско искуство надвор од САД. Зад себе има четиригодишен престој во НЦАА лигата во дресот на Сан Диего каде минатата сезона во просек постигнал 15, 6 поени. Шутот за три поени е најсилно оружје во играта на Бејли.
Покрај Бејли и Џенсен нови имиња во таборот на „Металците“ се Ерик Гарсија, Дамјан Стојановски, Бобан Стајиќ, Бојан Трајковски како и младите Андреј Маслинко, Ранко Мамузиќ и Михајло Митев.