МЗТ Скопје ја декласира Унион Олимпија во Словенија за прва гостинска победа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ Скопје ја победија убедливо Унион Олимпија во Словенија во натпревар од 21-то коло во АБА лигата, 72:91.

Со двете тројки во низа на Острум и Синовец, МЗТ стигна до водство 5:9. МЗТ после првата четвртина имаше водство од 4 поени, 12:16, а најзаслужни за тоа беа Острум кој погоди едно слободно фрлање, а Дреновац двојка.

Двата поени на Скот и трите на Темс му донесоа на МЗТ пет поени предност, 17:23. Во втората четвртина аеродомци стигнаа до првата двоцифрена предност во натпреварот, 28:38. Пред крајот на првото полувреме Острум погоди за два поени за 33:42 после дваесет минути игра.

МЗТ пред крајот на третата четвртина направи серија од 10 поени за 17 поени предност, 43:60. Темс со 2 поени и Дреновац со 3 поени му донесоа на МЗТ водство од 20 поени, 45:65. Домашните со трите поени во низа до крајот на третата четвртина намалија на 48:65 пред последните десет минути од натпреварот.

Четири минути пред крајот на натпреварот Олимпија намали на 14 поени негатива, 64:78. После тоа намалување на негатива, кошаркарите на МЗТ Скопје направија серија од девет поени за 64:87. МЗТ Скопје на крајот победи со 72:91.

Темс го предводеше МЗТ Скопје до победа со 21 поен. Дреновац додаде 17, Ван Острум и Скот додадоја по 15, а Синовец 12 поени. Кај Олимпија најефикасен беше Џеферсон со 16 поени.

Аеродромци ја запишаа седмата победа оваа сезона во АБА лигата, прва на гости.