Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес се одиграа три натпревари од 1/16 финалето во ЛЕ.
Манчестер Јунајтед го победи Ст.Етиен на гости минимално, 0:1.
Во 17-та минута од натпреварот Миктаријан погоди за водство на црвените ѓаволи.
Бејли во второто полувреме доби црвен картон и гостите останаа со 10 фудбалери на теренот. Ст.Етиен и со фудбалер повеќе на теренот не постигна погодок, па Јунајтед на крајот се радуваше.
Манчестер Јунајтед со вкупен резултат 0:4 се пласира во 1/8 финале.
Во останатите натпревари Фенербахче ремизираше на домашен терен против Краснодар, 1:1 и го заврши натпреварувањето во ЛЕ, а Шалке и Паок ремизираа на Велтинс, 1:1. Шалке продолжува во осминафинале.