Миланско дерби: За бек од Барселона и стопер од Германија


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Миланските гиганти бркаат засилувања за одбраната во јануари.

    Милан и Интер пополека ги готват плановите за јануарскиот фудбалски пазар, а најверојатно засилувања ќе бркаат во последната линија.

    Тие желби им се поклопуваат поради тоа што градските ривали фрлија око на исти играчи. Се работи зса Алеиш Видал и Никлас Зуле.

    Видал вишок во Барселона. Не ја искористи шансата после заминување на Дани Алвеш и Луис Енрике на позиција десен бек го форсира играчот за врска Серхио Роберто.

    Сакаше да се реши од Видал уште во летото, но директорот Фернандез беше против барајќи  уште една шанса за скапото засилување од Севиља.

    Видал повторно разочара и Енрике дефинитивно го пречкрта.

    Интерот на Милан и Интер за некогашниот фудбалер на Севиља не е новост и двата клуба во јануари ќе пробаат да реализираат позајмица на шпанскиот фудбалер.

    Милан на таа позиција го има Абате и младиот Калабрија, а Монтела Видал сака да го види наместо Абате во кого нема голема доверба.

    Видал добро го памети од Лига Европа кога Шпанецот беше клучот на триумфот на Севиља над Фиорентина  на Монтела.

    Интер истотака го дека десниот бек.

    Во летото не успееја да го доведат Лихтштајнер или Дармијан, но од потрагата за десен бек нема да се откажат.

    Ни Д`Амбросио, ни Сантон кој сега игра покрај десната аут линија не ги задоволува критериумите.

    На таа позиција може да игра и Ансалди, но Де Бур преферира да го користи на левата страна.

    Другата мета на миланските гиганти е далеку нереална цел. Се работи за германскиот стопер Никлас Зуле. Овој 21-годишен стопер од Хогенхајм е едно од откритијата на Бундеслиата и иднината на германскиот фудбал.

    Меѓутоа, проблем за Италијаните преставува и фактот дека уште некои богати клубови го имаат Зуле на радарот.

    Пред сите е Челси кој во финишот на преодниот рок нудеше 30 милиони, но Хофенхајм одби.

    Како што пишува Спорт Билд, Челси и понатака е во игра, миланските клубови истотака, но Зуле го сакаат уште Ливрерпул и Борусија Дортмунд.