Милан ангажирал приватен детектив поради вработените во клубот!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе неколку години Милан проживува тешки момент, а тоа почна по заминувањето на Силвио Берлускони и продажбата на клубот на кинеските сопственици.

Јонгхонг Ли тогаш го купи Милан и најави големи промени на „Сан Сиро“, па се шпекулираше дека ќе вложи многу пари и ќе ги врати „росонерите“ во европскиот врв, но тоа не се случи.

„Ла Република“ пишува дека Кинезиот бил параноичен пред заминувањето од клубот. Наводно, решил да ангажира приватен детектив за да ги следи новинарите, но и вработените во клубот.

Ли му наредил на детективот да потсави уреди за прислушкување во сите канцеларии за да може да ги слуша вработените што зборуваат. Клубот од вработените ги побарал лаптопите, таблетите и мобилните телефони…