Милан во проблеми: Леонардо бара решение, па веќе испрати понуда за нов дефанзивец!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан се наоѓа во многу тешка ситуација, откако голем број од нивните фудбалери се повредени, а најкритична позиција е дефанзивата.

Леонардо имаше неколку опции за стопсерката позиција, па има и неколку „нереални“ решенија како Тијаго Силва, но сите знаат дека тоа е тешко поради неговата плата.

Милан, наводно имале состанок со Сао Паоло и разговарале за можен трансфер на Родриго Кајо.

Кајо е 25-годишен стопер, кој со своите настапи во Бразил го привлече вниманието на многу тимови од Европа, а покрај Милан за него интерес покажаа уште Интер и Лацио.

„Росонерите“ подготвиле понуда од осум милиони евра за неговиот потпис или евентуална позајмица со право на откуп во износ од 13 милиони евра.