Милан ги официјализираше Реина и Стриниќ, Фасоне најави дека наскоро ќе биде официјализиран и уште еден трансфер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од редовите на Милан и официјално ги потврдија трансферите на Пепе Реина и Иван Стриниќ кои на „Сан Сиро“ пристигнаа  како слободни агенти.

И Реина и Стриниќ со тимот на Милан потпишаа договор до 30 јуни 2021 година.

„Милан ги објавува трансферите на Хозе Мануел Реина Паез и Иван Стриниќ. Шпанскиот голман и хрватскиот дефанзивец потпишаа тригодишни договори кои истекуваат на 30 јуни, 2021 година“ –стоеше во официјалното соопштение испратено на веб страната на Милан.

Покрај овие засилувања Марко Фасоне најави дека во следните денови ќе биде објавен трансферот и на Халиловиќ.

„Халиловиќ? Тој е голем талент, а вистинското време да го објавиме неговиот трансфер ќе дојде наскоро“ –коментираше Фасоне.