До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во Вест Хем во оваа сезона никако да се случи нешто убаво, па така и големиот трансфер на Симоне Заза треба да пропадне, односно фудбалерот може да се врави во Италија веќе за неколку месеци.
Да потсетиме, Заза во Вест Хем стигна на позајмица вредна 6 милиони евра, а уште 23 милиони треба да уплатат на Јувентус на крајот на сезоната.
Сепак, како што уште не постигна ни погодок, и лондонскиот клуб е во зоната за испаѓање, многу е можно Заза да се врати назад во Италија, и тоа во редовите на клубот во кој отсекогаш сакаше да игра.
Седумкратниот шампион на Европа Милан отсекогаш сакаше во своите редови да го има Симоне Заза, а и играчот не крие дека како дете навивал за Милан, но патот никогаш не се спои.
Сепак, италијанските медиуми денеска тврдат дека постојат шанси за Заза од јануари да стан играч на Милан, бидејќи Јувентус прифат и тој да го напушти клубот, и сега само на управата на Вест Хем е да го врати назад во Италија.
Доколку тоа се случи, Заза директно на Сан Сиро веќе во јануари.















