Милан го потврди новиот капитен и го според со легендарниот Неста!


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


По заминувањето на Леонардо Бонучи, капитенската лента остана празна, па сезонава е решено неа да ја добие Алесио Ромањоли.

Тоа е одлука на Џенаро Гатузо и управата на Милан, а беше потврдено од страна на клубот.

„Ромањоли беше единствена светла точка на крајот на тунелот во овие два месеци летово. Навивачите го сакаат и играчите го почитуваат. Исто како и Неста, тој е издржлив, сериозен, цврст во својата намера и затоа е вистински избор за капитен“, соопштија од Милан.

Милан првиот натпревар сезонава ќе го игра против Наполи на „Сан паоло“, а натпреварот се игра во сабота.