Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Од таборот на Милан веднаш откако беше објавен трансферот на Игуаин во Челси го потврдија тоа што и од претходно се знаеше, Криштоф Пионтек е нов фудбалер на „Росонерите“.
Полскиот голгетер кој имаше неверојатна прва полусезона во Џенова на „Сан Сиро“ пристигнува за сума од 30 милиони фунти, а со Милан потпиша договор до 30 јуни, 2023 година.
Пионтек официјално ќе биде презентиран на јавноста на специјална прес конференција која ќе се одржи во текот на утрешниот ден, а ќе биде пренесувана во живо на клупскиот канал на Милан, како и на Фејсбук и Јутуб каналите на страната.
Веднаш по прес конференцијата Пионтек за прв пат ќе одржи тренинг со своите нови соиграчи од Милан.