Милан добива инфузија од 80 милионери евра: Монтела има 3 желби!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Милан ќе се обиде во јануари да направи 3 трансфери и да направи чекор напред.

    Милан во Џенова беше спуштен на земја по еуфоријата која ги зафати по победата против Јувентус.

    И едниот и другиот натпревар го покажаа лицето на Милан.

    Против Јувентус се виде цел талент на тимот на Милан, а против Џенова исплива неискуството на истиот тој тим.

    Монтела за краток период сепак успеа да извлече многу од тимот за кој никој не предвидуваше дека во 10-то коло ќе се бори за врвот на табелата, а Милан во Џенова со победа можеше да преноќи и како лидер.

    Монтела направи база од која може да се роди тим кој би го вратил Милан во врвот, но засега тоа е само база и ништо повеќе. Таа база ја прават Донарума, Ромањоли, Де Шило, Бонавентура, Нијанг, Бака… Но и Милан има многу дупки во играта и позиции кои треба да се пополнат.

    Со оглед на тоа дека се даде шанса овој тим да го крене Милан барен едно скалило над тоа што го имаше Милан со Инзаги, Сидорф или Михајловиќ, во клубот размислуваат дополнително да го засилат тимот и да се борат за место кое води во ЛШ.

    Со оглед на тоа дека во јануари се најавува целосно преминување на Милан во сопственост на Кинезите, тоа значи и повеќе пари за засилувања.

    Италијанските медиуми најавуваат дека Кинезите ќе дадат инфузија од 80 милиони евра за засилувања, а со тоа Монтела би можел да направи квалитетен тим за вториот дел од сезоната.

    Монтела сака стопер, играч за врска и напаѓач. За стоперското место и понатаму е актуелна приказната за Матео Мусакио од Виљареал. Тој летово беше желба на Галијани, но Милан немаше доволно пари. Во јануари би можело тоа да се промени и Ромањоли конечно би добил квалитетен партнер во одбраната.

    Втора желба на Монтела е засилување во срцето на редот за врска. Особено откако остана без Монтоливо. Негова желба е Бадељ од Фиорентина кој го тренираше во Фиренца и кој е природна замена за Монтоливо. Но во клубот се зборува дека имаат поатрактивно решение од тоа, а станува збор за Фабрегас.

    Во последниот ден од летниот преоден рок Милан сакаше да го позајми од Челси, но тоа не се случи. Шпанецот не доби место кај Конте, особено по новата 3-4-3 формација и за него најдобро е да го смени клубот.

    Монтела бара засилување и во нападот. И повторно станува збор за стара желба, а тоа е Леонардо Паволети од Џенова. Тој чини околу 20 милиони евра, а добрите односи на Милан и Џенова може да ги стават во пол-позиција. Бака е одличен, но не може цела сезона сам да игра.

    Тоа се моменталните планови на Милан. Сигурно е дека парите ќе стигнат од Кинезите, но и Мирабели кој е нов спортски директор, па прашање е дали Галијани ќе успее да ги реализира сегашните планови или Мирабели ќе има друг план.