Милан добива ново засилување: Гатузо сака фудбалер од Шпанија


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Прва желба на тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, во новата сезона е фудбалерот на Севилја, Гансо.

„Калчомеркато“ пишува дека Милан сака во Шпанија да го испрати Никола Калиниќ, а во замена да го добие играчот на Севилија.

Фудбалерот на шпанската екипа не се споменува првпат како потенцијално засилување на Милан, а по само 11 одиграни натпревари минатата сезона, ова може да се оствари летово.

Засега не е познато дали „росонерите“ ќе мора да платат и одредена сума освен тоа што ќе го испратат Калиниќ, но во текот на летото се очекуваат повеќе детали.