Милан избори Европа, Емполи и понатаму стравува за опстанок!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во претпоследното коло во Серија А, Милан ја победи Болоња со 3:0.

Со оваа победа Милан избори пласман во квалификациите за ЛЕ, затоа што на коло пред крајот имаат 4 бодови предност пред останатите ривали.

Делуфеу, Хонда и Лападула беа стрелци за Милан, а сите голови ги постигнаа во последните 20 минути.

Емполи беше поразен на домашен терен од Аталанта со 1:0, која исто така избори пласман во ЛЕ.

Во последното коло Емполи гостува кај Палермо додека Кротоне игра против Лацио и тука ќе се знае кој е уште едниот патник за во Серија Б.

Најефикасен натпревар беше во Сасуоло каде што домаќинот победи со 6:2 против Каљари.

Од останатите натпревари, Удинезе одигра 1:1 со Сампдорија додека Џенова одигра 2:1 против Торино.