Милан има нова желба: Гатузо ептен загреан за фудбалер на Барселона (ФОТО)


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Екипата на Милан има проблеми со повредени фудбалери, па поради тоа се очекува тие да ангажираат неколку засилувања во јануари.

Еден од најголемите шокови беше повредата на Џакомо Бонавентура, па поради тоа Џенаро Гатузо нема друг избор освен да се обиде да го купи Артуро Видал, кој не е среќен во Барселона.

Спортскиот директор на „росонерите“, Леонардо, наводно почнал преговори со Каталонците, па сега се наоѓа пред договор за позајмица до крајот на годината на Чилеанецот, но во него ќе има и откупна клаузула за фудбалерот, кој засега не е познато колку ќе изнесува.