Милан „краде“ уште еден фудбалер на Јувентус!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Летово не очекува возбудлив преоден рок, а сите очи ќе бидат вперени во клубовите од Милано.

Милан и Интер неколку сезони се обидуваат да се вратат во врвот на италијанскиот фудбал, но се уште е јасно дека им е потребно малку повеќе време.

Милан имаат планови за наредната сезона, а на листата со потенцијални засилувања се наоѓаат неколку фудбалери. Меѓу нив е дефанзивецот на Јувентус, Квадво Асамоа.

Според италијанските медиуми, Милан ќе направи се што може за да го ангажира Асамоа летово.