Милан најде ново засилување: Гатузо сака соиграч на Пандев?!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Милан има огромни проблеми со повредени фудбалери и сака да се засили во сите редови од теренот. Досега го ангажираа Лукаш Пакета, а се споменува пристигнување и на Сеск Фабрегас, а пропадна и нивната идеја за ангажман на Златан Ибрахимовиќ.

Италијанските медиуми пишуваат дека тие сега сакаат да донесат крилен напаѓач или фудбалер, кој настапува веднаш против напаѓачот. Првата желба е младиот фудбалер на Џенова, Кристијан Кујаме.

Леонардо има одлични односи со Џенова, па генералниот директор на клубот Џорџо Перинети кажа дека тие бараат 35 милиони евра за 21-годишниот напаѓач.

Милан сака да ги испрати Рикардо Монтоливо и Андреа Бертолачи во Џенова, а за возврат би го добиле Кујаме.

За младиот напаѓач е заинтересирана и Рома, па Милан ќе се обиде да ја победи конкуренцијата.