Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Управата на Милан откако ги реши сите правни проблеми при преземањето на клубот полека се насочува кон засилувањето на тимот.
Веќе е склопена листата на можни засилувања кои би требало да пристигнат на „Сан Сиро“, а најзвучното име секако е Гонзало Игуаин.
„Калчомеркато“ пишува дека Милан е подготвен да ги ангажира и Тему Бакајоко кој пристигна во Челси минатото лето, но не се снајде баш најдобро во Лондон. Освен него во Милан би требало да пристигне и Диадие Самасеку кој настапува за Салцбург.
Бакајоко и Самасеку треба да претставуваат засилувања за средниот ред во кој стандардно место има само Франк Кеси кој исто така не се изнаигра минатата сезона.