До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Винченцо Монтела нема да може да смета на искусниот дефанзивец во натпреварот од шестото коло од Серија А против Сасуоло.
Од Апенините стигнува вест дека се повреди Лука Антонели.
Левиот бек на Росонерите здоби повреда на мускулот на тренингот и според првите проценки ќе мора да паузира минимум десет дена.
Деталните лекарски прегледи ќе дадат одговор на прашањето колку е тешка повредата и колку 29-годишниот дефанзивец ќе биде надвор од теренот.
Тој дефинитивно нема да биде во конкуренција за тимот против Сасуоло кој е на програмата на Сан Сиро во недела, па Монтела веројатно ќе почне со Де Шиљо на позиција лев бек.
Антонели во првите шест кола запиша три настапи за Милан.















