Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Управата на Милан планира да се засили со уште неколку играчи летово, а едно од потенцијалните засилувања би можел да биде Матео Ковачиќ.
Милан пред неколку дена ги ангажираше Гонзало Игуаин и Матија Калдара, па сега тие сакаат да преговараат и со ѕвездата на хрватската репрезентација и да ја засилат средината на теренот.
Ковачиќ не е задоволен во Мадрид бидејќи нема важна улога во екипата и нема доволна минутажа, па поради тоа Хрватот се надева дека ќе замине, а Милан е идеална дестинација за него.
Сепак, во моментов нема конкретни потези од „росонерите“, а истите се очекуваат во наредниот период од преодниот рок.