Милан подготвен да го продаде Бонучи, но се уште нема понуди за него


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Милан се подготвени да го продадат Леонардо Бонучи за минимум 32 милиони евра, но за него се уште не се пристигнати понуди.

Според новинарот на „Медиасет премиум“ Паоло Баригигиа, Росонерите се повеќе од подготвени да го пуштат нивниот капитен да си замине по само една сезона од неговиот шокантен трансфер од Јувентус.

Милан минатото лето плати 42 милиони за Бонучи, а сега се подготвени да го продадат за 32 милиони евра се со цел да се ослободат од неговата висоак плата.

Сепак, од Милан се уште немаат добиено понуда од ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, тимови кои се споменуваа со негов можен ангажман.