Милан посакува играч на ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Милан планираат да донесат уште едно големо засилување кое ќе биде од помош во напаѓачката линија на Гонзало Игуаин.

„Тутомеркато“ пренесува дека генералниот менаџер на Милан, Леонардо се насочил кон германскиот интернационалец од ПСЖ, Жулиан ракслер.

Милан по стариот добар рецепт, најпрво ќе го донесе 24 годишниот фудбалер како позајмен играч, а потоа ќе има можност за целосен откуп на неговиот договор.

Можно е во договорот да биде вклучен и швајцарскиот интернационалец Рикардо Родригез. Од ПСЖ подолг период се во потрага по лев бек, а токму Родригез би бил идеално решение за нив.