Милан пред распад, Бонучи си ги спакувал куферите!?


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Леонардо Бонучи минатото лето одлучи да го напушти Јувентус и да потпише за Милан, каде што по неколку дена ја доби капитенската лента.

Сигурно дека Бонучи очекуваше многу повеќе во првата сезона на „Сан Сиро“ и враќање на Милан во Лигата на шампиони, но тоа не се случи.

„Росонерите“ се наоѓаат во големи проблеми поради кинеските сопственици, кои би можеле да го напуштат клубот во наредните недели, иако пред една година пристигнаа во клубот.

Финансискиот фер-плеј е проблем за Милан, па поради тоа се зборува дека прв кандидат за заминување е Леонардо Бонучи.