До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Како што пренесува Тутоспорт, од редовите на Милан ќе се обидат во своите редови да го донесат Един Џеко од Рома.
Џеко е најдобар играч на римската волчица и веќе има 73 погодоци на 136 натпревари одиграни во дресот на Рома.
Од Милан се во потрага по напаѓач откако Калиниќ не ги исполни очекувањата на управата. Росонерите ќе го понудат и Карлос Бака во намерата да ги обезбедат услугите на Босанецот.
Бака во моментов е на позајмица во Вилјареал, а Шпанците имаат право да го откупат неговиот договор за 15.5 милиони евра.













