Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Челси, Цеск Фабрегас, би можел да го напушти клубот наскоро, а во претходните денови се појавија шпекулации дека Милан е заинтересиран за неговите услуги.
„Не сум преговарал со никого, но за тоа ќе имам шанси во јануари. Засега можам да кажам дека во Челси би требало да останам до крајот на сезоната, но не ја исклучувам можноста да си заминам во јануари“, кажа Фабрегас.
Шпанецот сезонава одигра четири натпревари во Лига Европа и три во Премиерлигата, па не е задоволен со минутажата во клубот.
Од друга страна, на „росонерите“ им е потребен квалитетен и искусен фудбалер, па Фабрегас изгледа како идеално решение за нив.