Милан ја погоди со Пјонтек: Полјакот погоди и против Рома (Видео)

Од таборот на Милан мора да бидат задоволни затоа што во своите редови го донесоа Криштоф Пјонтек.

Иако си замина Гонзало Игуаин „Росонерите“ не мора да жалат затоа што донесоа можеби и подобра замена, барем ако се гледа според првите натпревари.

Пјонтек по погодоците против Наполи се запиша во листата на стрелците и на дерби пресметката со Рома.

За фановите на Милан да бидат уште посреќни, асистент на голот на Полјакот беше новото засилување, Габриел Пакета.