Милан ќе купува во Португалија: Уругваец е новата мета!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Италијанските медиуми шпекулираат дека Милан во јануари би можел да го засили тимот.

    Мета е Себастијан Коатес, репрезентативец на Уругвај кој од јануари оваа година игра во Спортинг Лисабон како позајмен играч од Сандерленд.

    Високиот стопер не сака англиски фудбал, не се прилагоди добро во Ливерпул кој го донесе од Насионал, а во Сандерленд имаше пристојна минутажа се до доаѓањето на Адвокат на клупата.

    За Спортинг игра многу добро, вчера против Реал го гледаат скаути на Милан и го известија Монтела дека тој би бил добро засилување.

    Спортинг има опција да го откупи од Сандерленд за 4.3. милиони евра.