Милвоки не го дава врвот на Истокот, Харден со фантастичен настап го урна Феникс


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хјустон рокетс на крилјата на Џејмс Харден успеа да го победи Феникс санс со 108-102, па не дозволи никакво изненадување.

Како и против Голден Стејт вориорс и Лос Анџелес лејкерс и сега екипата на Игор Кокошков тргна одлично, па во првата четвртина имаа водство од 31-26. Очекувано, Харден го врати својот тим во игра, но не успеа да направи пресврт до последната четвртина.

Феникс во последните 12 минути влегоа со предност од 85-83, но Хјустон успеа да направи целосен пресврт.

Кај победникот најдобар беше Џејмс Харден со 41 поен, 11 асистенции и девет скокови. На другата страна Кевин Букер беше најефикасен со 29 поени.

Хјустон е трет на Западот со 43-26 и има победа повеќе од Портланд, кој го совлада Њу Орлеанс со 122-110. Сан Антонио по победата против Њујорк имаат скор 49-29.

Милвоки со нова победата и тоа против Мајами од 113-98 стигна до лидерското место на Истокот, а повторно најдобар беше Јанис Адетокумпо со 33 поени, 16 скокови и девет асистенции.