Милевски: Наша обврска е да дадеме се од себе и да победуваме


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата до 21 година утрово го објави списокот за квалификацискиот натпревар за ЕП кое ќе се одржи во Италија против Ерменија.

Според Милевски фудбалерите кои добиле повик истиот го заслужиле, а принципите за работа и во оваа „нова“ репрезентација остануваат исти.

 „Во принцип не сум некој што сака да менува. Овие фудбалери беа повикани на пријателскиот натпревар со Црна Гора, а и со игрите во своите клубови го заслужија повикот. Критериумите и принципите остануваат исти, сите кои се стандардни ќе добијат шанса за докажување. Повторно ќе стремиме кон подобрување на рејтингот и да се обидеме да бидеме конкурентни во квалификациите. Имаме доста тешка група, со одлични и квалитетни селекции. Наша цел и обврска е да дадеме секогаш максимум, да направиме се што е во наши можности да победиме“- истакна Боби Милевски.

Селекторот имаше проблеми при составување на списокот затоа што некои играчи се повредени, а други пак немаат никаква минутажа во своите клубови.

„Петар Петковски е неизвесен поради повреда на коленото, Стефан Јевтовски е без клуб, а Н`Сонго Калвин и Доријан Бабунски се без минутажа. Нсонго има проблем со документацијата, а Бабунски не игра во третолигаш во Јапонија. Се надевам дека ќе се снајдат во своите клубови и ќе се вратат за натпреварите во октомври“- додаде Милевски.