Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на младата македонска репрезентација, Благоја Милевски упати извинување до целата јавност и ја понесе сета одговорност за срамниот пораз од Гибралтар во рамките од квалификациите за Европското првенство кое во 2019 ќе се одржи во Италија.
„Нема оправдување, ова е срамен резултат и ја преземам одговорноста. Искрено жалам и упатувам извинување до целата јавност и навивачите, до Федерацијата која ни ги овозможи бараните услови за работа. Со репрезентацијата ги доживеав најубавите моменти во мојата кариера, а по синоќешниот пораз и најтешките моменти. Ќе повторам дека не бараме оправдување, ниту во неиграњето на Елиф Елмаз, ниту за многуте неискористени шанси за погодок. Едноставно, со или без Елмаз, ние моравме да најдеме начин да го победиме противникот. Јас сум тој кој го одредува составот и одговорноста е моја. Модерниот фудбал не трпи емоции, едноставно сурово сме казнети и мора да го прифатиме тоа. Најважно сега за оваа репрезентација е да бидеме сплотени, заедништвото одново да биде наша сила. Во изминатата година оваа репрезентација на неколку натпревари покажа дека има потенцијал, искрено се надевам дека ќе продолжиме да бидеме одговорни како во дуелите против Црна Гора и Ерменија и нема да потценуваме противник, но и себе“- истакна Боби Милевски.
И покрај двата порази по ред шансите за пласман барем во дополнителните квалификации остануваат и со добри резултати во следните натпревари, за што веруваме дека се способни нашите млади репрезентативци, повторно можеме да се најдеме на еден голем собир.