Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Медиумите во Италија пренесуваат дека Милан се договорил со Сасуоло за продажба на Мануел Локатели за 12 милиони евра.
Трансферот и официјално треба да биде потврден во понеделник, а во договорот е вметната и „бај-бек“ клаузула.
20 годишниот играч од средниот ред беше голема надеж на Милан и беше еден од милениците на фановите, но по најновите најави за засилувања на „Сан Сиро“ тој стана прекуброен.
Сепак од Милан на некој начин се заштитија со тоа што во договорот вметнаа клаузула со која ќе може кога сакаат да го откупат неговиот договор за сума слична на таа по која ќе го продадат.