Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси и Арсенал се заинтересирани во своите редови да го донесат играчот на Баерн Минхен, Томас Милер.
Двата клуба се распрашувале за услугите на Германецот за време на летниот преоден рок, а исто така и Ливерпул бил заинтересиран, но во последно се откажал од намерите за ангажман на Германецот.
Ситуацијата на Милер во Баерн е неизвесна по не толку добрата ланска сезона во Бундеслигата, но и поради несогласувањата што капитенот ги има со тренерот Карло Анчелоти.
Сепак, како што пишуваат медиумите во Германија од таборот на Баерн Минхен се подготвени да му дадат нова шанса на Милер и не планираат да го продадат својот играч.