„Милионерите“ немаат дилема: Замената за Пулишиќ ќе пристигне од Премиер лигата…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијан Пулишиќ ја игра својата последна сезона во дресот на Борусија Дортмунд, Челси го откупи на почетокот на месецот, но „Плавите“ го оставија во германскиот клуб до крајот на сезоната.

Американецот го загуби местото во првата постава на „Милионерите“ поради суперталентираниот Џејдон Санча, но управата на германскиот клуб смета дека младиот Англичанец треба да има квалитетна конкуренција, па така се подготвува и замена за Пулишиќ.

Како што пренесува „Спорт Билд“ таа може да стигне од англиската престолнина, со оглед на тоа дека „Милионерите“ се заинтересирани за крилото на Кристал Палас, Вилфред Заха.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска игра фантастично во дресот на „Орлите“, оддамна го следи и Тотенхем, а споменатиот германски весник пренесува и дека контактите помеѓу двата клуба се воспоставени.

„Милионерите“ го сакаа Заха и минатото лето, но Палас ја одби цената од 50 милиони евра, подоцна некогашниот фудбалер на Јунајтед потпиша и нов договор со клубот.

Сепак, Дортмунд на име на трансферот на Пулишиќ, од Челси ќе инкасира околу 64 милиони евра, па секако ќе има средства да испратат сериозна понуда за услугите на Заха.

Освен Заха, Борусија е заинтересирана и за бившиот фудбалер на Челси, Торган Азар, братот на ѕвездата на „Плавите“, кој блеска во дресот на Борусија Менхенгладбах во Бундеслигата.