Милиони причини за Манчестер Јунајтед да слави во финалето на ЛЕ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ајакс и Манчестер Јунајтед во Стокхолм ќе се борат за освојување на Лига Европа, но и за уште многу работи.

Кој вели дека Лига на Европа е безвредно натпреварување?

Второто по квалитет клупско натпреварување во Европа се приведува до крај, во самото финале ќе играат Манчестер Јунајтед и Ајакс, а влогот е голем.

Не е само во прашање пласман во Лигата на шампионите и вреден трофеј, веќе и огромни парични награди.

Посебно мислиме на Манчестер Јунајтед.

Имено, секој играч на Манчестер Јунајтед ќе добие плата зголемена за 25 %, а ќе поделат и 1 милион фунти бонус.

Од друга страна, постои клаузула во доворото на секој фудбалер кој прима повеќе од 20 000 фунти неделно дека ќе загуби 25 % од платата доколку екипата не се најде во ЛШ, што е активирано пред почетокот на оваа сезона поради што Манчестр Јунајтед остана во плус 28 милиони фунти.

Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Хенрик Михтаријан и Ерик Баи на нив платата не е скратена, но ќе бидат вклучени доколку екипата не се пласира во ЛШ.

Исто така, Манчестер Јунајтед може да има и големи проблеми со спонзорот Адидас, кој според договорот има право да ги намали трошоците за спонзорство доколку екипата не се пласира во ЛШ.