Мирабели: Донарума може да замине само под еден услов


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Џанлуиџи Донарума доби многу критики во последните денови, како и неколку навреди од навивачите поради неговите грешки во финалето на Купот на Италија, како и на вчерашниот меч против Аталанта.

Спортскиот директор на Милан, Масимилијано Мирабели потврди дека постои можност да биде продаден 19-годишниот голман, но само ако дојде вистинска понуда.

„Мораме да го заштитиме Донарума. Потоа, како и со сите други фудбалери, ќе видиме што ќе биде во иднина. Тој е дел од клубот и не смееме да го пуштиме лесно, освен ако не пристигне некоја добра понуда“, кажа Мирабели.