Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампиони, откако на домашен терен славеше против Атлетико Мадрид со 3-0, а херој на вечерта беше Кристијано Роналдо, кој постигна хет-трик.
Роналдо со настапот ги замолче сите критичари, кои се сомневаа дека нема голем допринос во екипата на „Старата дама“, а тоа го потврди и неговиот соиграч Даглас Коста.
Коста откри дека се сомневал во Роналдо пред да стигне во Торино, односно се грижел дека неговото пристигнување ќе ја расипе атмосферата во клубот.
„Кога стигна, веднаш си помислив: Ни се приклучи најдобриот фудбалер во светот? Штом стигна клубот напредуваше во секој дел. Неговиот придонес е неверојатен. постигнува голови постојано и секогаш напорно работи, па ни дава поддршка. Верувале или не, кога почна да се шпекулира за неговото пристигнување, јас се прашував дали ќе влијае добро на нашиот тим…“, признава Коста.