Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот голман Никола Митревски имаше фантастичен натпревар со голем број на одбрани во првото полувреме, но сепак Македонија загуби со 21-32 од Шпанија.
Митревски смета дека младите ракометари не биле заинтересирани, а притоа кажа дека мора против Исланд да се игра паметно.
„Натпреварот го одигравме за самите нас. Тргнавме одлично во мечот, но потоа во второто полувреме бевме катастрофални. Примивме многу лесни погодоци, а поразот за нас е многу болен. Младите ракометари беа незаинтересирани. Ќе мора против Исланд да одиграме паметно и да победиме“, кажа Митревски.