Митровиќ со прва изјава откако неговиот сонародник го напушти Фулам


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот фудбалски репрезентативец, Александар Митровиќ ја даде првата изјава откако неговиот сонародник, Славиша Јокановиќ беше отпуштен од менаџерската позиција во Фулам.

Напаѓачот истакна дека ова е лошо за него затоа што Јокановиќ имал големо влијание врз неговата иднина.

„Ова се лоши вести ако се земе предвид фактот дека имаше големо влијание на мојата кариера во последната година и пол. Тој направи многу за мене, и кога зборувавме вчера Јокановиќ ме тешеше мене, наместо јас него. Жал ми е за тоа“- коментираше Митровиќ.