Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ерменецот од редовите на Манчестер Јунајтед, Хенрик Михтаријан најверојатно ќе го напушти тимот од „Олд Трафорд“ во јануарскиот трансфер период.
Михтаријан пристигна во Јунајтед минатото лето од Борусија Дортмунд, но менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо не му дава многу прилика за игра.
Токму поради тоа тој би можел да ја напушти екипата од „Олд Трафорд“ и дресот на Манчестер да го замени со дресот на Арсенал.
Како што пренесува англискиот весник „The Sun“, Михтаријан добил понуда од Арсенал вредна 26 милиони фунти и веројатно ќе ја прифати.
Во следните неколку дена ќе бидат познати повеќе детали.