„Ми рекоа дека морам да платам ако сакам да играм за репрезентацијата на Мундијалот!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот српски фудбалер Дејан Рамбо Петковиќ вели дека не бил на списокот за патници на Мундијалот во Франција во 1998 година, зашто не сакал да плати голема сума на пари.

Во една емисија на бразилска телевизија, Петковиќ откри детали кои досега не биле познати на спортската јавност.

„Ми кажаа дека пет или шест фудбалер веќе платиле. Ако платиш, тогаш одиш на Мундијалот. Не ми соопшти никој директно од репрезентацијата, туку ми испратија порака преку посредник. Но, јас ги одбив. Го загуби настапот на Светското првенство, но ги зачував своите принципи“, објаснува Петковиќ.

Во фудбалските кругови со години се шпекулираше дека некои фудбалери платиле сума од 150.000 германски марки за да добијат место на Мундијалот во Франција.

За жал, другата страна на приказната најверојатно никогаш нема да се дознае, зашто „главните актери“ во меѓувреме починаа.

Југославија на Мундијалот во Франција беше елиминирана во осминафиналето, откако загуби од Холандија со 1-2.