Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Македонската кошаркарска федерација преку соопштение испратено до јавноста укажаа дека нема да бидат пуштени во продажба билети за натпреварот кој нашата репрезентација го игра против Косово.
Од МКФ причината за ваквата одлука ја посочуваат во безбедноста пред, за и по натпреварот.
Соопштението од кошаркарската федерација ви го пренесуваме во целост:
Македонската кошаркарска федерација сака да ја извести македонската спортска јавност дека по одржаните состаноци и консултации со надлежните органи денес беше донесена одлука, од безбедносни причини, билетите за натпреварот помеѓу Македонија и Косово да не бидат пуштени во продажба.
Македонската кошаркарска федерација сака да и се извини на сета спортска јавност поради ваквиот развој на настаните со кој им се скратува можноста на оние кои сакаа да го проследат овој натпревар од трибините во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Сите оние кои поседуваат блок-билети можат со истите да присуствуваат на натпреварот, но ќе бидат прераспределени во блок М15.
Натпреварот ќе може да се проследи на првиот програмски сервис на националната телевизија (МРТ).