Младите Донаковски и Пецалевски нови засилувања на Карпош Соколи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Покрај играњето во АБА-лигата и обидот да се направи историски успех со освојување на еден од двата пехари во домашното натпреварување сезонава, управата на Карпош Соколи размислува и за иднината на клубот поради што деновиве беа ангажирани двајца талентирани домашни кошаркари, Стефан Донаковски (19) и Давид Пецалевски (20).

Станува збор за двоец кој во минатото бил дел од младинскиот погон на МЗТ Скопје Аеродром како и на младинските национални селекции на Македонија.

Според договореното, тие во преостанатиот дел од сезоната ќе настапуваат за вториот тим на Карпош Соколи, кој е во самиот врв на табелата во Втората лига и тоа под палката на тренерот Мики Наумовски, кој воедно е и главниот „виновник“ за нивното ангажирање во таборот на „соколите“. Истовремено, кога ќе може, тие ќе тренираат и со најдобриот состав на Карпош Соколи со цел да стекнат искуство и да поднаучат нешто повеќе од актуелните првотимци и од тренерот Драган Николиќ.