Млад македонски репрезентативец се пресели во Динамо Загреб


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сега веќе поранешниот фудбалер на Вардар, Филип Антовски е нов фудбалер на гигантот од Хрватска, Динамо Загреб.

За 18 годишниот лев бек се водела вистинска битка помеѓу најлутите хрватски ривали, Динамо Загреб и Хајдук Сплит.

Наводно, Хајдук веќе го договорил трансферот на Антовски, но во последен момент се вклучил клубот од Загреб кој на крајот успеал да го обезбеди неговиот потпис.

Филип Антовски најпрво ќе игра во вториот тим на Динамо Загреб каде тренер ќе му биде Игор Јовичевиќ, а потоа доколку задоволи ќе биде прекомандуван во најдобриот тим на „Модрите“.