„Модест е подобар од Левандовски и Обамејанг“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Антони Модест игра чудесно во оваа сезона во дресот на Келн.

Францускиот напаѓач со хет-трикот против Херта дојде до 22 гола во сезоната, а пофалби за овој 28-годишен фудбалер стигнуваат од сите страни.

Посебни зборови му упати директорот на клубот Јорг Шмадтке.

Тој верува дека Модест е подобар играч од Роберт Левандовски и Пјер Емерик Обамејанг.

„Модест е подобар од Левандовски и Обамејанг. Поради што? Поради тоа што имаме многу мал посед на топка, а тој успеа да постигне толку голови. Се мора сам да направи, додека Левандовски му креираат шест – седум шанси на тацна“, истакна Шмадтке.

Поефикасен од Модест во Бундеслигат засега е само Обамејанг. Габонецот постигна 23 погодоци, додека напаѓачот на Келн е на второто место со гол помалку.