Модриќ: Ваков гол во Ел Класико е како победа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Моторот на Реал Мадрид и хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, коментираше за нерешениот резултат во Ел Класико.

Реал Мадрид и Барселона ги поделија бодовите во Ел Класико, а заа натпреварот коментираше играчот на Реал, Лука Модриќ.

„Тоа е многу важен и заслужен бод. Се боревме до крајот и не се откажавме ниту еден момент. Игравме добро, особено во првото полувреме. Тие доминираа во второто и го превзедоја водството, но ние никогаш не се откажавме. Ваков гол во Ел Класико е како победа“, изјави Модриќ.

Вчерашното Ел Класико кое беше одиграно на „Камп Ноу“ заврши без победник (1:1), а Реал Мадрид до изедначувачкиот гол дојде во 90. минута преку Серхио Рамос.