Модриќ дефинитивно ја презеде титулата најдобар: Погледнете ги огромните награди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Модриќ и во 2016 година ја одигра на величествен начин. Капитенот на хрватската репрезентација со Реал ја освои ЛШ, УЕФА Суперкупот, па Светското клупско првенство, но и стигна и до низа индивидуални признанија.

Едноставно, ова беше далеку најплодна фудбалска година во кариерата на Лука Модриќ, а за тоа доволно зборуваат и неговите индивидуални награди…

Лука Модриќ така во 2016 година се најде во најдобрата екипа на шпанската Примера, Лига на шампионите, УЕФА, ФИФА и француски Л`Екип, а читателите на шпанска Марка го сместија во најдобрата екипа на шпанската фудфалска лига.

Целата приказна Лука Модриќ ја заокружи со настапите на Светското клупско првенство каде што е прогласен за втор најдобар играч на турнирот.

Толку поединични светски признанија некоју хрватски играч не добил уште од Давор Шукер на крајот од 90-те!

Хрватскиот репрезензтативец така само продолжи да го воодушевува фудбалскиот свет, сите веруваме дека Лука Модриќ еднакво успешен ќе биде и во 2017 година…

Индивидуални награди на Лука Модриќ:

2003 – Најдобар играч на БИХ Премиер лига

2003 – Најголема надеж на хрватскиот фудбал.

2007, 2008, 2011 и 2014 година – најдобар фудбалер на Хрватска во изборот на Вечерни лист.

2007 – Најдобар играч на Првата ХНЛ

2008 – Жолта маица на Спортски новости

2008 – Се најде во најдобрата екипа на ЕП

2011 – Најдобар играч на Тотенхем

2013, 2014, 2015 и 2016 година освојувач на Фудбалскиот оскар за најдобар фудбалер на Хрватска

2013/14 – Се најде во најдобрата екипа на ЛШ

2014 – Најдобар играч за врска во шпанската Примера

2015 – СЕ најде во екипата на ФИФА на годината

2015 – Најдобар играч за врска во Примера во изборот на шпански Гоал

2015/16 – Се најде во најдобрата екипа на шпанската Примера

2015/16 – Се најде во најдобрата екипа во ЛШ

2016 – Се најде во најдобрата екипа на Примера во изборот на шпанска Марка

2016 – Се најде во најдобрата екипа на годината во изборот на Л`Екип

2016 – Се најде во УЕФА екипа на годината

2016 – Се најде во ФИФА екипата на годината

2016 – Втор најдобар играч на клупското СП