Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ има многу причини за славење, откако е прогласен за најдобар играч на светот и сега во својата витрина ја има и „Златната топка“.
Модриќ синоќа ја освои „Златната топка“ на доделувањето во Париз, што е сигурно успег во кариерата на хрватскиот репрезентативец. Тој славеше пред некогашниот соиграч Кристијано Роналдо, и Антоан Гризман кој ја зазема третата позиција.
Веќе денес Модриќ се врати во Мадрид каде го одработи тренингот во среќна атмосфера. Соиграчите му честитаа на големиот успех, а прв од нив на Инстаграм се огласи и Серхио Рамос.
„Мојата почит Лука“, кратко напиша Рамос покрај интересната објавена фотографија.