Модриќ ја откри тајната за успехот на Реал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид играат одлично под водство на францускиот стручнак Зинедин Зидан.

Дека е така, докажаа и со вчерашниот триумф над Гранада во рамките од 17 коло од Примера од дури 5:0 што им беше 39 натпревар во низа без пораз.

Еден од тие без кои Галактисоките не можат, е хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.

Играч со маестрално чувство за простор и техника бележи одлични партии во дресот на Мадриѓаните.

Која е тајната на добри резултати, откри и самиот играч за врска:

„Тренерот од нас бара висок пресинг да вршиме на противникот. А тоа да го направите морате да бидете добро физички спремни, што секако сме. Покрај тоа, постои и слога во тимот што и е најважно“, изјави Модриќ.

Пред точно три дена, актуелниот шампион на Европа ја совлада Севиља во осмина финалето на шпанскиот куп.

„Добро ја започнавме годината. Се подготвивме доста квалитетно за Севиља. Добрата работа на тренинзите се гледа и на терен“, додаде асот на Реал.

Дека Модриќ е еден од најдобрите играчи за врска во Европа зборува и фактот дека пред два дена е избран за идеалниот тим на УЕФА за минатата година.

Хрватскиот играч за врска заврши на четвртото место по бројот на освоени гласови (381 234). Да потсетиме, во идеалниот тим се избрани дури четири играчи на Реал, а покрај Модриќ биле Рамос, Кристијано Роналдо и Крос.