„Можам да го елиминирам Мареј? Не ме интересира“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Швајцарскиот тенисер Вавринка по победата против Чилиќ во второто коло на Мастерсот во Лондон вели дека не дава големо внимание на третото коло.

    Вавринка во петок игра со најдорбиот тенисер во светот, Енди Мареј и ако го победи во 2 сетови, а Нишикори биде подобар од Чилиќ, тогаш Мареј ќе биде елиминиран.

    „Тоа е нешто што не ме интересира. Се што знам е дека ако сакам да стигнам во полуфинале, морам да победам. Тоа ме интересира. Ќе се обидам да играм најдобро, да го победам најдобриот тенисер во светот. Ќе биде тежок натпревар, тој игра одлично. Ќе биде интересен, а среќен сум што имам шанса да игра пред негова публика.“

    Вавринка во претходниот натпревар го победи Чилиќ со 7:6 и 7:6.