„Можеме да бидеме и подобри во одбрана“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Јувентус, Киелини е задоволен со резултатот од првиот натпревар во ЛШ, но имаше неколку замерки на игрите на неговите соиграчи.

Јувентус на гостувањето во Монако победи со 2:0 и се наоѓа на чекор од пласман во финалето во ЛШ.

„2:0 во гости е одличен резултат. Многу сме среќни, но можеме да бидеме подобри и во одбрана. Исто така, можеме да бидеме подобри и со топката, да создадеме голем број шанси на нашите напаѓачи. Им честитам на Алвеш и Игуаин на одличните игри против Монако.“