„Можеме да ја преминеме Рома на табелата!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Наполи, Хамшик верува дека неговиот тим може да ја премине Рома на табелата пред крајот на сезоната.

Наполи пред две ноќи го поразија Лацио во борба за ЛШ со 3:0.

„Добивме важни 3 бодови против директен ривал во борба за ЛШ. Сега сме на 3-то место, а имаме четири бодови помалку од Рома. Ќе биде многу тешко, но сметаме дека имаме шанси да ги преминеме. До крајот останаа 7 натпревари, а сакаме да освоиме што е можно повеќе бодови.“

Наполи до крајот на сезоната на домашен терен игра против Удинезе, Каљари и Фиорентина додека во гости ќе игра против Интер, Сасуоло, Торино и Сампдорија.

Од друга страна Рома ќе игра против Аталанта, Лацио, Јувентус, Пескара, Милан и Киево.